Викиликс: Венизелос роден како Туркоглу - се прекрстил за да стане политичар

 

Американската амбасада во Атина до својата централа доставила информација дека дека грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, носел родено презиме Туркоглу, што значи син на Турчин, но го променил со цел да напрадува во својата политичка кариера.

- Документот на американската амбасада во Атина, откриен од страна на „Викиликс”, ги потврдува долгогодишните гласини дека првичното име на господин Венизелос, лидер на партијата ПАСОК и министер за надворешни работи на Грција, било Туркоглу (што на турски јазик значи „син на Турчин”). Овој факт, сам по себе нема да има значителна вредност, но би можел да имплицира дека министерот го променил своето презиме оти проценил дека тоа ќе биде пречка за неговата политичка кариера,се наведува во објаснувањето на американската депеша на страницата на посочени интернет-сајт предводен од Џулиан Асанж.

Инаку, документот бил објавен уште во 2009 година. - Евангелос Венизелос, лидер на ПАСОК, фракција што традиционално беше опозиција на Папандреу. Универзитетскиот професор по Уставно право роден во 1957 година, господин Венизелос (роден Туркоглу) се судри со Папандреу за партиското лидерство во 2007 година и решително изгуби. Тој првпат влезе во грчкиот парламент во 1993 година и се искачи до статус на водечки член на ПАСОК од Солун. Господин Венизелос држеше министерски места во претходната администрација предводена од ПАСОК и беше член на врвните партиски органи, се вели во документот на американската амбасада во Атина. Викиликс додава и дека „Во одбраната, господин Венизелос се очекува да се справи со ќор-сокакот со јавните набавки за оружје и да ја стимулира организацијата деморализирана од исцрпеност и недостиг на насока во рамки на претходната Влада”.

Венизелос е вицепремиер и министер за надворешни работи на Грција од 25 јули 2013 година, а претходно беше вицепремиер и министер за финансии од 17 јуни 2011 до 21 март 2012 година. Тој е член на грчкиот парламент од Панхеленското социјалистичко движење (ПАСОК) за првата изборна единица на Солун.

 

Според официјалните податоци, Венизелос е директно вмешан во спорот за името „Македонија” во периодот кога елементи во Грција се спротивставуваат на употреба на името „Македонија” од страна на новата независна Република Македонија.

18.11.2013 - 12:47
Фото: 
макденес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега