Патот до Мундијалот во Катар води преку Сицилија - Италија ќе нѐ пречека во Палермо

 

Фудбалската федерација на Италија потврди дека натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во Катар против селекцијата на Македонија ќе се одигра на стадионот Ренцо Барбера во Палермо.

“Одлуката натпреварот против Македонија да го играме во Палермо беше донесена по разговорите со селекторот Роберто Манчини. По освоената титула на последното Европско првенство сакавме новото поглавје во историјата на националниот тим да го отвориме во Палермо, град во кој нашите фудбалери секогаш срдечно биле примени и имале огромна поддршка од навивачите”, изјави претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина.

Капацитетот на стадионот во Палермо е 36.365 гледачи, изграден е во 1932 година, а целосно реконструиран во 1989. На стадионот Ренцо Барбера се играа натпреварите од Светското првенство што се одржа во Италија во 1990 година.

09.12.2021 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега