„Волстрит Џурнал“: Грците против кризата се борат со гиро

 

Американскиот весник „Волстрит Џурнал“ во репортажа за Грција, објави дека Грците од кризата се обидуваат да излезат со помош на правење гиро.

И додека големите светски синџири за брза храна, како „МекДоналдс“ поради кризата се принудени да ги затвараат своите ресторани, мали објекти  за продавање на гиро има речиси на секој агол.

Според  „Волстрит Џурнал“ ова се должи на потрошувачкиот патриотизам на Грците и желбата одново да ги откријат традиционалните јадења. Покрај тоа влијание има и евтината цена на гирото, која е помеѓу две и три евра,брзината на приготвување и неверојатниот вкус.

„Кога станува збор за храната, за Грците тука престанува кризата. Тоа е така, затоа што Грците имаат „љубовна врска“ со храната“, пишува „Волстрит Џурнал“.

Во репортажата весникот заклучува дека гирото за Грците е исто што и хот-догот за Американците, пицата за Италијанците, донерот за Арапите или сушито за Јапонците.

 Тоа е зачуван бренд кој е длабоко всаден во грчката култура, начин на живот, повод за дружење со други луѓе, ценет миг од секојденвието на секој Грк.

18.11.2013 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега