Крвава драма во кичевско: Со нож му влегле дома и му го претепале цело семејство

 

Неколку лица заработиле повреди по крвавата тепачка која се случила во кичевското село Шутово во општина Осломеј, јавува Телеграф. Според информациите, до тепачката дошло кога 4 лица вооружени со ножеи и палки за безбол влегле во куќата на ФА и почнале да го тепаат него и неговото семејство.
Порталот повикувајќи се на полициски извори пишува дека причина за инцидентот била претходна тепачка на Ф.А. со еден од напаѓачите.
Според информациите, едно лице се здобило со потешки повреди, скината тетива на раката и е префрлено во битолскиот Медицински ценар.
Полицијата е на терен и врши увид.

17.11.2013 - 23:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега