Месечината има доволно кислород за 8 милијарди луѓе, вели научник

 

Атмосферата на Месечината не содржи доволно кислород за човечки живот, но под карпестиот горен слој на сателитот има доволно од овој гас за да опстанат осум милијарди човечки животи цели 100.000 години, според истакнат научник.

Џон Грант, предавач по наука за почвата на Универзитетот „Саут крос“ во Австралија објасни дека Месечината е богата со минерали што цврсто го врзуваат кислородот.

Грант тврди дека, дури и ако се игнорира кислородот во длабоките, цврсти карпи, реголитот на Месечината - карпестиот горен слој - кој е лесно достапен, може да содржи доволно кислород за осум милијарди луѓе да живеат 100.000 години.

Пресметките на научникот се засноваат на идејата дека на луѓето им требаат 800 грама кислород дневно за да преживеат, а реголитот е длабок околу 10 метри. Тој наведува дека реголитот на Месечината се состои од 45% кислород, од кои целиот е цврсто врзан за минералите како кварц, алуминиум и железо и магнезиум оксиди.

Иако кислородот од карпите за жал не може да се дише, процесот на извлекување огромни количества кислород од нив е едноставен. „Но има една замка: тој голта многу енергија. За тоа да биде одржливо, ќе треба да биде поткрепено од соларна енергија или други извори на енергија достапни на Месечината“, забележува Грант.

 

12.11.2021 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега