Со својот „Мерцедес“ полн со марихуана се обидел да избега од полицијата - Грк фатен со дрога во Македонија

 

Грчки државјанин синоќа бил фатен со околу 10 килограми марихуана на македонска територија, дозна Press24 од полициски извори. 25-годишниот Грк Л.К. синоќа 45 минути по полноќ во багажникот на својот „Мерцедес Смарт“ сокрил 18 најлонски омоти исполнети со опојна дрога марихуана во вкупна тежина од 17 килограми и 705 грама.

Како што информира денеска МВР, вршејќи редовна служба на контрола на патници и возила, полицајците го запреле за контрола патничкото возило „Мерцедес Смарт“ со грчки регистарски ознаки, управувано од грчкиот државјанин  кое се движело во правец Скопје-Гевгелија. Откако му биле дадени документи, Гркот одбил да ги даде и со возилото се обидел да избега кон Гевгелија. Полициските службеници по околу 500 метри со полициско службено возило успеале да го запрат и извршат контрола и преглед над Л.К. и возилото, при што забележале црна патна торба во која имало дрога.

Во разговорот со полицијата, Л.К. истакнал дека се запознал со лице од Битола кое зборувало грчки јазик и му предложило да изврши транспорт на марихуана од Битола до Атина за што требало да му плати 2.000 евра. Тие требало да се сретнат во Атина, каде ќе му биле предадени и парите.

17.11.2013 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега