Маглата го отежнува возењето - бидете внимателни!
Доколку денеска седнувате во автомобил, ова е моменталната состојба на патиштата.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, претежно по влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има во Крушево - 100м, Плетвар - ретка магла. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка, во периодот од 15.11.2013 до 19.11.2013 година ќе се изведуваат на клучката Миладиновци. Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.10.2013: Скопје-Македонски Брод од 07:30-08:30 и 14:30-15:30 часот / Македонски Брод-Скопје од 06:00-07:00 и 16:00-17:00 часот
Известување за возачите дека од 15 ноември во стила стапува законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа