Мерцедес најбрзи во Истанбул, белиот Ред бул потфрли
Луис Хамилтон ги заврши петочните треинзи пред Турското ГП како најбрз возач, додека неговиот главен ривал за титулата, Макс Ферстапен во Ред бул се мачеше со својот болид, обоен во бело во чест на Хонда.
Асот на Мерцедес, Хамилтон го подобри своето време од утринската сесија на 1:23.804, рушејќи го рекордот на патеката Истанбул парк за повеќе од една секунда. Единствена лоша вест е тоа што тој во недела ќе стартува со казна од 10 места поради менување на моторот овој викенд.
Ферстапен, пак, утрото губеше со 0.4 секунди, а попладнето беше на 0.635 секунди зад Хамилтон за да заврши како петти на табелата. Холанѓанецот неколку пати преку радиото се жалеше на својот РБ16Б болид.
Меѓу ривалите за титулата беше Шарл Леклер, со фантастично второ најдобро време пред Валтери Ботас, додека и Серхио Перез беше пред Ферстапен. Лендо Норис беше шести за Мекларен, пред Фернандо Аонсо и Естебан Окон во Алпине, Пјер Гасли во Алфа Таури и Антонио Џовинаци во Алфа Ромео.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа