Пијан маж со голи раце и го откинал увото на својата сопруга
Пијан 46 годишен маж од српски Зајечар со голи раце и го откинал увото на својата сопруга. Тој се вратил дома под дејство на алкохол и почнал расправија со сошругата. Таа му ги признала своите неверства, а тој практично експлодирал кога жената, со која бил 25 години во брак почнала да му реди со кој од соседите го изневерувала. Мажот, кој инаку ручал додека траела расправијата станал од маста и и го скинал увото на жената. Потоа повторно седнал на масата и продолжил да јаде.
Кога се најал, почнал и да пее, а тој момнт го искористила жената која побегнала од куќата и случајот го пријавила во полиција.
Полициските службеници веднаш пристигнале и го привеле 50 годишниот маж на кој му е одреден дводневен притвор, додека жената е сместена во прифатилиште за жртви на семејно насилство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа