И го откорнал увото на сопругата па барал ручек - крвава семејна драма

 

Крвава семејна драма ја потресе Србија. Пијан сопруг најпрво ја претепал сопругата, потоа и го откорнал увото, а на крајот барал таа да му направи и постави ручек на масата.

Се работи за 50-годишниот И.Б. кој си ја нападнал 46-годишната сопруга Б.Б. па за натсанот да биде уште погрозоморен со рацете и го откорнал увото.

Мажот пијан дошол домат и почнал да ја тепа сопругата и да ја тера да му признае со кој сосед спиела. Жената се порекнувала, но тој продолжил со тупаници да ја удира во главата. Несреќната жена од ударите паднала на подот, па мажот со рака ја фатил за увото. Ја повлекол толку силно што парче од увото му останало во раката. Иако жената крварела, тој продолжил да ја тепа, пишува српски Ало повикувајќи се на извори од полицијата.

По грозоморниот настан сопругот седнал на маса и и наредил на сопругата да му донесе ручек. Додека јадел, И.Б. продолжил да ја удира сопругата, а кога завршил со ручекот почнал да пее. 

Несреќната жена успеала да избега кај соседите и да се спаси од монструмот.

14.11.2013 - 14:56
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега