ЕУЛЕКС уапси новинар во Приштина - открил заштитен сведок
Специјалните единици на ЕУЛЕКС денеска во Приштина го уапсиле новинарот Миљаим Зеку, јави агенцијата Kosovapres. Тој бил уапсен во просториите на продукцијата, со претрес на просториите и неговото возило, на паркингот пред Радио телевизија Косово (РТК).
Зеку пред повеќе од месец дена, во емисија на РТК пренесе изјава на заштитен сведок, во предметот против Дреничката група ОВК, која е обвинета за воени злосторства над цивили. ЕУЛЕКС потврдил дека во тек е една операција, но без повеќе детали околу неа
14.11.2013 - 13:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа