Се заборавил со ракијата - Србин возел со 5,5 промили алкохол во крвта
Сообраќајните полицајци во Ниш не можеле да им поверуваат на своите очи кога стопирале возило од кое излегол маж кој имал дури 5,5 промили алкохол во крвта. Се работи за 38-годишен возач кој бил веднаш приведен поради возење во алкохолизирана состојба, а за да се отрезни му требале цели 12 часа.
Возачот испил најмалку 20 чашки ракија за помалку од еден час, па седнал зад воланот.
Инаку, експертите тврдат дека количината од 4 до 4,5 промили алкохол во крвта може да биде смртоносна кај повеќето луѓе.
14.11.2013 - 13:28
Фото:
Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа