Српски авион се сруши во Хрватска

 

Мал српски авион денеска се срушил во Хрватска, при што пилотот се здобил со тешки повреди, но за среќа преживеал. Авионот удрил во брдо кај Пакрац при обид за принудно слетување, а пилотот веќе воспоставил комуникација со спасувачките екипи.

На местото каде се случила несреќата веќе се пристигнати специјалните екипи, а авионот е регистриран во Србија под ознака YU-DPR, а сопственик е компанијата "Gas aviation" од Смедеревска Паланка. 

- „Слушнавме дека паднал авион, но засега не можеме да кажеме ништо повеќе" изјавиле од фирмата.

Станува збор за терен со заостанати мини.

14.11.2013 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега