Ѓубрето му сметало па го раскрварил соседот - од банална кавга до крвав инцидент во Прилеп
56 годишниот прилепчанец П.Б. си заработи кривична пријава откако својот сосед го удрил со мермерна плоча и му нанел сериозна повреда.
На 29. октомври, додека прилепчанецот М.Б. бил на неговата нива, дошол лутиот П.Б. и почнал расправија околу фрлање ѓубре во нивата. П.Б. во еден момент се збеснал и со мермерна плоча го удрил својот сосед. М.Б. заработил тешка повреда.
14.11.2013 - 12:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа