Безмилосно си ја претепал сосетката бидејќи се скарала со жена му - кривична за бесен прилепчанец

 

38 годишниот прилепчанец З.Т. си заработи кривична пријава откако крвнички претепал своја сосетка. 

На 23. август годинава, додека прилепчанката Д.К. берела тутун во атарот на селото Чаниште, дошла нејзината сосетка М.Т. и започнала расправија околу тутунот. По кратко време се вмешал и сопругот на М.Т., кој ја нападнал Д.К. удирајќи ја со тупаници по телото. Жената заработила тешки телесни повреди.

 

14.11.2013 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега