Мајката и таткото на малата Тијана денеска ќе и раскажат се за парите на полицијата

 

Таткото и мајката на малата Тијана која целиот Балкан го зави во црно откако го загуби животот и покрај успешната операција во Хјустон, денеска ќе бидат сослушани во полиција за сметките на кои се префрлани пари за нивната ќерка.

На разговорот во полиција Огњатовиќ ќе мора да одговорат колку точно пари собрале за лечењето на својата ќеркичка, колку пари биле потрошени за операцијата и погребот, и колку останале на нивната сметка. Денеска конечно семејството ќе мора да даде одговори на полицијата за тоа што се случува со парите.

Инаку, неодамна таткото на Тијана изјави дека ако тој каже се што знае ќе падне цела Влада. 

За потсетување, 8-годишната Тијана почина во Хјустон, а за неа целиот Балкан се крена на нозе, организирајќи хуманитарни акции со кои беа собрани пари за нејзиното лечење. За жал, и покрај успешната операција, малото ангелче го загуби својот живот.

14.11.2013 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега