Хоџај: Србин ќе биде градоначалник на Митровица
Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, истакна дека во Северна Митровица н е е можно да биде избран албански градоначалник.
– Градоначалникот и општината мора да одразуваат состав на секоја општина, етнички и демографски и милам дека тоа и ќе се случи, изјави тој.
Хоџај бил изненаден од погрешниот начин на толкување на кандидатурата на Дева од страна на Дачиќ и првиот потпретседтаел на српската влада Александар Вучиќ.
– Би требало да им ја кажат вистината, а тоа е дека Србија се движи во процес на прифаќање на суверенитетот на Косово, територијалниот интегритет и постоење како независна држава, нагласи Хоџај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа