Жестока кавга на Извршниот одбор на СДСМ - Црвенковски останува лидер на партијата и по конгресот?

Жерстока кавга избила вечерва на седницата на Извршниот одбор на СДСМ. Како што дознава Press24 од свои извори, откако не можело да падне договор околу организацијата на Конгресот, Заев видно револтиран станал и рекол дека ја повлекува кандидатурата. Заев за Press24 не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа информација. Рече дека треба да оставиме СДСМ сама да решава за својата идинина и побара разбирање што не може да изнесува детали од партиската рапсарава.
Неофицијално, дел од членовите на Извршниот побарале од Црвенковски јавно да соопшти дека нема да остане на чело на СДСМ. АКтуелниот лидер до сега овој став го соопштил само на седниците на партиските тела, но пред медиумите, од поразот на локалните избори до денеска не се појавил. Не се знае како реагирал Црвенковски на ова барање.
Она што се знае е дека до овој момент, низ локалните одбори на СДСМ партиското членство собрало над 10.000 постписи за Црвенковски да остане на чело на партијата. Голем дел од општинските одбори на СДСМ го предложиле и како единствен кандидат за престојниот Конгрес на СДСМ. Дали повелкувањето на Заев е отворање на вратата за Црвенковски да остане на чело на партијата за сега не може да се добие официјална информација

најчитано сега