Најмеко и најсочно пилешко - пиле печено во лубеница

 

Далеку од традиционален рецепт, пилешкото подготвено на овој начин звучи како јадење од мени на Ноќта на вештерките. Но, оние што веќе го приготвиле тврдат дека не треба да нè спречува да го пробаме во нашите кујни.

Како резултат може да добиете најмеко и најсочно печено пиле досега ако тоа е начинот на кој преферирате да го јадете своето омилено месо.

Рецептот, всушност, беше објавен во „Њујорк тајмс“ како првоаприлска шега, но кулинарските ентузијасти, како инфлуенсерката @emmymadeinjapan, решија навистина да се обидат со неколку приспособување на рецептот.

Вкусовите на лубеницата воопшто не се чувствуваат во готовото печење, а месото е меко бидејќи се пече во природна бања и сокови од ова овошје, што сега е лесно достапно.

Сега е сезона на сочни лубеници, тие може да се купат по разумни цени, а ќе ви требаат зачини по ваш избор. Рецептот вклучува неколку егзотични зачини, како што се куркума и кари, кои одлично одат со пилешко. Ако е бал, нека е маскенбал! Време е да пробаме нешто ново.

Состојки: 1 голема лубеница (околу 7 килограми), 1 печено пилешко (до 2,5 килограма), сол и бибер, 1 лимон прободен со виљушка, 1 лажица кари, 1 лажица куркума, 1 лажица чили во прав, 2 лажици лук во прав, 2 лажици кафеав шеќер, 2 лажици путер.

Приготвување: Вo пилешкото вметнете лимон, кој претходно сте го проболе со виљушка на неколку места.

Ставете го пилешкото во издлабена лубеница, а потоа ставете го капакот од лубеницата над него и прицврстете го на долниот дел со стапчиња за скара за да остане на место за време на печењето. Пилето во лубеница се пече два часа на температура од 200 степени. Намалете ја температурата на 150 степени и потоа печете уште 2 часа.

Внимателно извадете го пилешкото од лубеницата и одделете го сокот во мало тенџере. Загрејте го сокот до вриење. Потоа ставете две лажици ладен путер и мешајте додека не добиете вкусен сос.

Може да направите и вкусна салата со парчиња од испеченото месо.

Макфакс

23.07.2021 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега