Изненадување од Лондон: Челзи нуди богатство за фудбалерот на Јуве по ЕП
Италијаните се шампиони во Европа, скоро сите беа одлични на своите позиции, но имаше и такви кои се издвојуваа во статистиките.
Еден од подобрите поединци од таборот на Италија на завршеното ЕП, беше сигурно Федерико Киеза, кој сега очигледно ќе добива богати понуди од мноштво на клубови.
Новинарот на германскиот весник Билд, Кристијан Фалк, открива дека дошол до поверливи информации дека Челзи е веќе во преговори со Федерико Киеза.
Наводно од лондонскиот клуб биле подготвени да исплатат близу 100 милиони евра, или да им отстапат некој играч, плус се разбира задоволителна сума на пари.
Но според истиот извор, во Јувентус експресно одбиле за такви преговори, бидејки сметаат дека Киеза има што да понуди во Торино и дека не е за продавање.
Киеза имаше одлично Европско првенство, беше интегрален дел од успехот на италијанската репрезентација предводена од Роберто Манчини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа