Купени првите станови во висококатниците во Аеродром

 

Продажбата на становите во висококатниците во населбата Аеродром која започна пред неколку денови се одвива одлично. Ова за Плусинфо го истакнува претставникот на „Џеваир холдингот“ во земјава, Ејуп Учук.

Постои голема заинтересираност за становите во висококатниците, како и за оние  луксузни апартмани кои се на највисоките спратови. Инаку, становите се продаваат по цена од 1.100 евра за метар квадратен, а оние од највисоките катови и за 3.000 евра за метар квадратен.

Учук околу информациите дека и турскиот актер познат по улогата на Полат во Долина на волците купува стан во една од висококатниците, вели дека актерот нема купено стан и нема никаква гаранција дека ќе купи, туку засега се се сведува само на збор.

Засега иако има заинтересирани купувачи од странство, како што пренесува Плусинфо, никој сеуште нема купено стан.

Вредноста на комплексот од четирите висококатници, што ќе содржи трговски центар, спортски терени, деловни и комерцијални објекти, внатрешни и надворешни базени, здравствен центар, се проценува на околу 150 милиони евра.

 

12.11.2013 - 13:26
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега