Премиерот Груевски на промоцијата на Информатичко форензичката лабораторија на УЈП
Шефот на македонската Влада, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на промоцијата на Информатичко форензичката лабораторија на Управата за јавни приходи, што ќе се одржи во Генералната дирекција на Управата за јавни приходи во Скопје, кај Комплексот банки.
Во неа даночните инспектори ќе спроведуваат посебни форензички процедури за испитување на информатичките системи и опрема кај даночните обврзници и за утврдување на финансиски малверзации.
12.11.2013 - 12:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа