Празни муабети на Жерновски: И СДСМ му кажа да си ја тера работата

 

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ му кажаа на Жерновски дека не е време за нови избори за советници во општина Центар, иако градоначлникот во интервју за Радио Слободна Европа рече дека тоа е излез од ситуацијата по апсењето на Шиповиќ, пишува Дневник. И од двете партии за весникот одговориле дека не размислуваат на таа варијанта и му порачуваат на Жерновски да ја работи работата за која веќе добил мандат.

Советниците од коалицијата предводена од СДСМ во општина Центар максимално се посветени и ангажирани и целокупната нивна работа е исклучиво во интерес на граѓаните. Партијата има доверба во советниците, кои и покрај уцените и притисоците, го зачуваа единството и продолжија да работат за граѓаните согласно довербата што им беше укажана на последните избори - е одговорот од СДСМ на прашањето на Дневник во однос на предлогот на Жерновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека несигурноста на СДСМ во нивниот коалиционене партнер, ВМРО-НП и советникот кој би требало да дојде на местото на Шиповиќ не и дозовлува на партијата од Бихаќка да го повлече војот претседател на локалниот огранок во Центар. Од таму велат дека работата на Советот не е блокирана и дека СДСМ доколку сакаше, до сега можеше да се избере заменик на Шиповиќ.

„Веќе побаравме нов претседавач од нивните редови, барем додека трае процесот за Шиповиќ, по што ќе може да се изгласа и негово враќање, затоа што не му престанува мандатот, но бевме одбиени. Советот има капацитет непречено да работи, само што одлуките, наместо Шиповиќ, сега ги потпишува највозрасниот член, кој нема такво право, што значи дека работите што се носат не се легитимни - вели за Дневник, Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар. Тој воедно го демантира Жерновски дека работата на Советот е блокирана, особено за работи што се од интерес на граѓаните.

Денеска официјална Виена ја одобри екстрадицијата на Мирсолав Шиповиќ по што се очекува, тој во наредните денови да биде префрлен во Македонија каде веќе му е одредена мерка притвор.

11.11.2013 - 22:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега