Која е избраничката на Кристијан Ериксен – Сабрина не е „типична“ сопруга на фудбалер, а нивната љубов трае 9 години
Драматичната сцена од натпревар помеѓу Данска и Финска го потресе целиот свет.
Имено, во текот на фудбалскиот натпревар, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен одеднаш се сруши нa теренот, а снимките го обиколија светот.
Неговите соиграчи, но и играчите од противничкиот тим низ солзи ги гледаа драматичните моменти и докторите кои се обидуваа да му помогнат, додека од трибините на терен се обиде да влезе и неговата избраничка Сабрина Квист Јансен, која ја задржало обезбедувањето.
Следеше борба за животот на Ериксен, но благодарение на брзата реакција на докторите, славниот фудбалер го напушти теренот свесен, а потоа бил пренесен во болница.
Која е Сабрина Квист Јансен?
Сабрина е родена во Данска каде завршила училиште за фризер, а потоа со Кристијан поради неговите клупски обврски се преселила во Лондон и започнала да работи за една модна куќа.
View this post on Instagram
Парот во 2016 година купил и куќа во Хемстед, а како што претходно откриле за британските медиуми не им било лесно да се приспособат во новата средина.
„Мора да научите да се борите и физички и ментално, но јас можам да го издржам притисокот поради тоа што седум дена од неделата живеам за својата работа“, изјавил Кристијан, па додал:
„Сето тоа е тешко за мојата девојка. Секако би сакал да можам да излезам низ град со неа и со нашето друштво, но едноставно тоа не се вклопува со играњето фудбал во Англија“, изјавил Кристијан.
View this post on Instagram
Сабрина не е „типична“ сопруга на фудбалер – таа се труди да живее мирен и семеен живот подалеку од очите на јавноста, па во медиумите ретко може да ја видиме, а ретки се и ситуациите кога папарацо фотографите успеваат да ја забележат на улица.
Сабрина и Кристијан ја започнале својата романса во 2012 година, а пет години подоцна соопштиле дека го очекуваат своето прво дете.
Во јуни 2018 година му посакаа добредојде на својот син кој веднаш се најде во центарот на нивниот свет, а славниот фудбалер на социјалните мрежи често споделува фотографии на кои покажува колку ужива во родителството и семејниот живот.
Парот кон крајот на минатата година ја соопшти веста дека во нивното семејство се приклучил уште еден член.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа