Пакети здрава храна за дечињата од Домот „11 Октомври“
Педесет и осум пакети со овесни кашички, мусли, корнфлекс, диетални џемови денеска беа доделени на дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, од страна на компанијата за здрава храна Виталија.
Раководителот на воспитната служба во Домот за деца без родители „11 Октомври“, Вера Петровска заблагодарувајќи се за донацијата, рече дека во Домот се посветува големо внимание на здравјето на децата, на нивниот правилен раст и развој.
- Имаме и правилна и здрава исхрана тука во институцијата, што значи дека е целосно избалансирана од појадокот до вечерата. Секогаш знаеме точно знаеме што добиваат децата за да можат да се развијат во здрави и нормални деца. Децата се задоволни. Домот функционира во осум станбени единици, имаме посебни кујни. Донираните пакети ќе ги има во посебните кујни за да научат децата сами да си подготувваат оброк. Ќе ги оспособуваме за натамошниот живот, за нивно осамостојување, додаде Петровска.
Оливера Ѓеоргиоска, координатор на стручниот тим на компанијата истакна дека правилен и здрав начин на исхрана е многу битен за сите деца во развој.- Бевме пријатно изненадени затоа што децата знаат за здрава храна. Забележавме дека вработените работеле на тоа и ги едуцирале дечињата за храната. Денес компанијата и децата се забавуваа, дружеа, се едуцираа. За нас акцијата во рамки на роденденската кампања на компанијата е од големо значење. Подарените насмевки не направија среќни, го потврдија она што ние како општествена организација се залагаме и спроведуваме, додаде Ѓеоргиоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа