Македонците поминуваат повеќе од три часа дневно на социјалната мрежа Фејсбук
Резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на социјалната мрежа фејсбук, покажаа дека 44% од македонските корисници поминуваат 3 и повеќе часа дневно на социјалната мрежа.
Според резултатите, дури 60% од корисниците сметаат дека премногу време поминуваат на Фејсбук, додека само 22,5% од корисниците размислуваат да се откажат од користењето на социјалната мрежа.
- “Податоци кои ги добивме веруваме дека ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук“- изјави Никола Спасов, од агенцијата Рејтинг, која заедно со Њумедиа.мк го спроведе онлајн истражувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа