Албански медиуми: Македонците вршеле тероризам врз албански ученици

 

Се поголемиот број на ученици Албанци во училиштата и во средините во кои постои македонско мнозинство, е причина за неодамнешните ученички тепачки во централниот дел на Скопје, пренесува Дневник. Ваквите тези во јавноста ги пласираа албанските медиуми, тврдејќи дека во истите е вмешан дури и државниот апарат.  

Kако повод за вакви тврдења „Журнал“ ја зема последната тепачка меѓу средношколците од две училишта кај Транспортниот центар во скопската општина Аеродром.

- На одредени групи им пречи фактот што ученици-Албанци учат во населби претежно населени со Македонци. Им пречи и тоа што од година на година бројот на учениците-Албанци во овие училишта се зголемува. Нивната крајна цел може да е сеење страв и несигурност кај учениците-Албанци и дислокација на албанските паралелки од овие училишта – анализира „Журнал“.

Одредени Експерти по криминал сметаат дека станува збор за однапред испланирани терористички напади. 

- Kога имаме несигурност да ги испратиме децата во училиште и тие се враќаат повредени и завршуваат во болница, овие случаи од научен аспект се познати како тероризам, значи терористички акти, затоа што во овие случаи има несигурност, има чувство на страв и ризик за здравјето на човекот. На терен имаме вакви акти, кои од научен аспект се познати како терористички напади, но сега има дилема дали се организираат од терористички групи, поединци-терористи или може да е вмешан и самиот државен апарат – вели за „Журнал“ криминологот Башким Селмани.

11.11.2013 - 11:25
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега