Инспекциски увид во Музејот на Македонија по извршената кражба

 

Инспектори за култура денеска ќе извршат увид  во националната установа Музеј на Македонија.

Овој инспекциски надзор следува по утврдената кражба на вредни артефакти од Музејот. Целта на увидот е детално да се утврди почитувањето на сите аспекти предвидени во Законот за музеи, односно дали се запазени процедурите за водење влезна книга, инвентарна книга, излезна книга, картотека и каталог на музејски предмети кои се чуваат во националната установа.

Исто така  и овластени лица од Управата за заштита на културното наследство ќе извршат увид во работата на установата од аспект на примена на плановите за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија. 

11.11.2013 - 11:17
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега