Болното момченце Хајрудин стигнало и до Париз - Ибрахимовиќ повторно немал време за него!

 

Откако неодамна на сараевскиот аеродром за малото болно детенце Хајрудин од Босна пристигна дрес од фудбалерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, како што пренесува 24сата.хр, хуманитарката Теа Рекиќ која го донесе дресот на болното момче криела од медиумите дека всушност пристигнала во Сараево за да го земе Хајрудин и да го одведе кај неговиот омилен фудбалер, што е и негова најголема желба.

Хуманитарката која досега има помогнато на голем број дечиња во Босна, мајката на малиот Хајрудин и тој тргнале заедно во Париз, за да гледаат натпревар на ПСЖ, по кој Хајрудин ќе има можност да се сретне со Ибрахимовиќ. Фудбалерот не играл поради поврда, но не се ни појавил, а го немало ни утредента за конечно да се сретне со малото момченце. 

- Ибрахимовиќ не играше поради повреда на коленото, но иако беше замолен не се ни појави за да се сретне со момчето, вели хуманитарката Теа и додава дека добиле повик да го одведат детето во продавница и да му купат се што ќе посека, а утредента да дојдат на средба со фудбалерот, но тоа не се случило.

-Ибрахимовиќ уште не е доцна да тропнеш на вратата на болното момче, додава Теа.

Инаку, Хајрудин на кој му остана уште еден месец живот имаше последна желба да го запознае фудбалерот, но тој му прати дрес и автограм, бидејќи имал премногу обврски.

 

 

11.11.2013 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега