Полицијата трага по лицето кое пукаше кон вториот човек на Агенцијата за разузнавање

 

Полицијата трага по лицето кое вчера од автомобил во движење пукаше кон возилото на вториот човек на Агенцијата за разузнавање. Според информациите на порталот Плусинфо, полицијата веќе има осомничено лице.

Според неофицијалните информации кои ги пренесува порталот, причина за инцидентот кој се случи вчера попладне близу гробиштата во скопски Сингелиќ, било првенство на минување.

За среќа во пукањето нема повредени, а не бил оштетен ниту автомобилот на заменик директорот на Агенцијата за разузнавање. Лицето кое пукало, со своето возило побегнало кон селото Сингелиќ.

09.11.2013 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега