СДСМ потврди: Пратеникот што маваше со шишиња во Собранието ќе го наследи Кондарко
Опозициската СДСМ донела одлука кандидат за претседател на ДИК да биде Никола Рилкоски.
-Рилкоски е долгогодишен правник и поранешен пратеник, со искуство во струката, кој работи доследно според начелата на правото и неговата примена. Тој е по потекло од Охрид. Станува збор за принципиелен човек, што го има докажано и при извршувањето на повеќе високи позиции и во неколку јавни претпријатија, стои во партиското соопштение.
Уверени сме, велат од СДСМ, дека Рилкоски ќе ги исполни законските обврски што ги бара функцијата за којашто се кандидира, како и очекувањата за професионална, посветена и ефикасна работа на новиот претседател во нависокото изборно тело, Државната изборна комисија.
Пресс24 уште вчера објави дека Никола Рилкоски и е познат на македонската јавност како пратеникот кој маваше со шишиња на седница на собраниска комисија во македонското Собрание. Откако Комисијата за мандатно имунитетни прашања одлучи да му го одземе имунитетот на тогашниот социјалдемократ Владо Бучковски, Рилковски со шише ја мавна претседателката Светлана Јакимовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа