Продолжува легализацијата на дивоградби во Кисела Вода
Во општина Кисела Вода денеска се доделиени 42 нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
- Со денешново јавно доделување решенија за легализација, бројот на решени предмети се зголеми на 2083, од вкупниот број достасани предмети – 11.873. Од нив, 5283 се во административна постапка, а 4.520 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостига Геодетски елаборат), изјави Беличанец Алексиќ.
Таа додаде дека крајниот рок за доставување на елаборатот е 18 јуни 2014 година, до кога околу 4.500 граѓани од Кисела Вода треба да ја докомплетираат документацијата.
Апелираше до жителите да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакум простор, бидејќи, како што рече, ќе се соочат со градежна инспекција. - Општинската градежна инспекција е перманентно на терен и секоја нелегална градба која ќе се детектира, а не е подведена под Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно нема легална документација за градба, веднаш ќе биде срушена, рече Беличанец - Алексиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа