Цената на становите во висококатниците во Аеродром од 1.100 до 3.000 евра за метар квадратен

 

Побрзајте доколку сакате да си купите стан во новите висококатници во Аеродром. Продажбата на становите официјално започнува утре, а во промотивниот период ќе се продаваат по цена од 1.100 евра за метар квадратен. Во зависност од спратот на кој ќе сакате да си купите стан во овие висококатници, цените ќе се движат и до 3.000 евра за метар квадратен.

Инаку, предвидено е во 2016 година да се изгради и трговски центар, а веќе во 2017 година ќе се финишира целиот проект.

Генералниот директор на „Џеваир холдинг“, Есер Џеваир кој денеска официјално го означи стартот на продажбата, истакна дека станарите ќе имаат можност да уживаат во  базен, фитнес центар, турска бања, игралиште за деца, а за задоволството да биде поголемо, сето тоа ќе може бесплатно да го користат.

Спооред директорот, токму добрата собаротка меѓу Македонија  иТурција била пресудна за оваа инвестиција во Македонија.

 

 

 

07.11.2013 - 12:14
Фото: 
Дневник.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега