Загаденоста на воздухот во Скопје над дозволеното!
Оваа година во Скопје воздухот бил загаден со измерени концентрации над дозволеното. Како што објавува МИА, во Гази Баба концентрацијата на ПМ10 била над дозволеното 110 дена, во Лисиче 107, во Центар кај Ректоратот 68 и во Карпош 56 дена, а освен во скопскиот регион, големо загадување се забележува и во Тетово, Битола и Кавадарци.
Во Македонија, граничните вредности за ПМ10 во голема мера се надминуваат, а надминувањата на граничните вредности на НО2 се можни во околини со сообраќај.
При надминување на граничните вредности, властите се должни да создадат мерки за намалување на концентрациите на загадувањето.
Инаку, на светско ниво, најголемо загадување има во Гана, Индонезија, Бангладеш, Чернобил, Русија...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа