Министерот Џафери во работна посета на Црна Гора
Министерот за одбрана, Талат Џафери, заедно со делегација од Министерството за одбрана, денеска заминува во работна посета на Црна Гора.
Предвиденот е Џафери да оствари средби со својот црногорски колега, Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, на чија покана и престојува во земјата, а ќе биде примен и од претседателот на државата Филип Вујановиќ и премиерот и претседателот на Собранието на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Ранко Кривокапиќ.
Министерот за одбрана во рамки на посетата ќе потпише и Протоколот за соработка во областа на воената обука помеѓу двете земји.
07.11.2013 - 09:29
Фото:
Нова Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа