Ако планирате одмор во Грција: Како се движат цените во маркетите?
Во април годинава цените на производите во супермаркетите во Грција, минимално се зголемиле споредбено со истиот период во 2024 година, зголемување од само 0,23 отсто, согласно податоците од Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.
Најголеми намалувања на цените во изминатите 12 месеци има кај детергентите и средствата за чистење (за 9,43 отсто), кај храната и продукти за домашни миленици (за 5,98 проценти), кај прехранбените производи (за 4,90 отсто), свежото тесто и замрзнатите производи (4,05 проценти) и кај канцеларискиот материјал, козметиката и средства за лична хигиена (за 3,36 отсто).
Најголеми зголемувања на цените во изминатата година има кај бисквитите и чоколадите (за 14,45 проценти), кај свежото месо (10,08 отсто), кај свежата риба и морски плодови (за 2,79 проценти), свежото овошје и зеленчук (1,80 отсто) и кај водата и безалкохолните пијалаци и сокови (1,55 проценти).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа