Стартува продажбата на станови во новите висококатници во Аеродром
Од денеска официјално започнува продажбата на становите во новите висококатници кои никнаа во Општината Аеродром.
Турската компанија Џевахир Холдин ќе го означи стартот на продажбата на прес-конференција на која свое обраќање ќе има Есер Џевахир, генералниот директор на компанијата.
Инаку, изградбата на висококатниците чинеше 100 милиони евра, а се работи за четири висококатници со по 42 ката и објект што ќе претставува деловен и трговски центар, каде може да престојуваат 5000 лица.
07.11.2013 - 09:19
Фото:
скопјеинфо.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа