Буџетот во општина Илинден ќе го креираат граѓаните
Започна реализацијата на проектот „Партиципативно учество на граѓаните во креирањето на буџетот на општина Илинден за 2014 година“.
Целта на овој проект е да се подобри квалитетот и условите за живеење на сите граѓани. Предвидени се посети на 12-те месни заедници, каде градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, стручните служби и претставниците на јавните претпријатија ќе се сретнат со граѓаните, информираат од општина Илинден
За денеска се предвидени средби со граѓаните од Дељадровци, Текија и Илинден, а во наредниот период ќе се реализираат посети на Бујковци, Миладиновци, Ајватовци, Бунарџик, Марино, Мралино, Кадино...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа