Во Аеродром ќе се издигне крст висок 33 метри

 

В

о рамки на одбележувањата на 2.000-годишнината од христијанството, Светскиот македонски конгрес достави инцијатива со идеен проект до општина Аеродром за изградба на македонски православен крст.

Се предвидува крстот да биде висок 33 метри, колку што живеел Исус Христос до неговото воскресение и да биде изграден во близина  на Средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“, меѓу булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“.

- Крстот не е ниту конспирација, ниту провокација, туку културна афирмација. Крстот не е антиисламски симбол, туку дел од културата на Македонија. Крстот има право на простор во Македонија, затоа што Македонија е основата на христијанството во Европа. Во Македонија, во градот Филипи, од Светиот Апостол Павле е покрстена првата христијанка во Европа, Македонката Лидија, стои во соопштението од Светскиот македонски конгрес.

СМК очекува разбирање од градоначалникот и советниците и Предлог-одлуката за подигање на крстот да биде усвоена на првата наредна седница на Советот на општина Аеродром и набргу да биде издадена дозволата за градење.

 

05.11.2013 - 15:23
Фото: 
волино.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега