Македонија ќе изработува Национален акциски план за заштита на земјиштето

 

 

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, денеска информираше дека Министерството за животна средина ќе изработува Национален акциски план за заштита на земјиштето во земјава.

Адеми истакна дека идејата е да вклучат сите релевантни институции во Република Македонија, кои со своето искуство ќе придонесат за изработка на документот.

- На овој начин ќе се понудат подобри практични упатства за ублажување и намалување на причините за деградација на земјиштето и штетите предизвикани од него, а со примената на синергетски пристап со другите Рио конвенции-Конвенцијата за климатски промени и Конвенцијата за биолошка разновидност ќе се обезбеди поголема одржливост, рече Адеми.

 

Националниот акциски план за заштита на земјиштето во Република Македонија предвидено е да биде готов во период од една година.

05.11.2013 - 14:45
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега