Лалакос: Можен е компромис за спорот со името

 

Грчкиот амбасадор Харис Лалакос денеска на новинарско прашање   одговори дека верува дека е можно да се постигне компромис околу грчко-македонскиот спор за името.                                       

 - Канцеларите за врски во нашите две земји не се директно вклучени во процесот на одлучување по однос на прашањето за името. Можам да го повторам веќе познатиот став на Грција за прашањето за името. За предлогот кој го кажавте, портпаролот на грчкото МНР демантираше односно припишувањето на претседателот на Република  Грција во однос  на поддршка на споменатиот предлог од некои медиуми е непоткрепено со докази и е неаргументирано, рече Лалакос .

Во обраќањето на свеченото доделување на сертификатите амбасадорот Лалакос говорејќи за билатералната соработка меѓу двете МО, посочи оти Грција нема никакви територијални аспирации кон ниту еден од соседите, а тоа, подвлече, го докажува со дела.

- Сите знаеме дека целосната билатерална соработка ќе го постигне максимумот кога ќе се постигне заемно прифатливо решение за прашањето за името и тогаш ќе се олесни нашата соработка во сите домени, вклучувајќи ја и одбраната, рече грчкиот амбасадор, додавајќи оти во меѓувреме е особено важно да се одржуваат отворени сите канали на соработка, посебно оние што не се засеганти со решавање на прашањето на името.

 

На новинарско прашање дали претендира на тоа дека некои од соседите, меѓу кои и Република Македонија има територијални претензии кон Грција, амбасадорот Лалакос посочи: Кога кажав дека Грција нема територијални претензии кон своите соседи, не зборував во името на другите влади и не сакав да бидам разбран оти нешто имплицирам во однос на нашите соседи. Навистина сакам да потенцирам дека ние сме поддржувачи на ставот за задржување на териториите на сите земји, како што Европа се потрудила да ги направи веќе неколку децении и исто така поддржуваме продолжување на регионална соработка и добрососедските односи и во регионот и во светот, појасни грчкиот амбасадор.

05.11.2013 - 14:42
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега