Тричасовна епска битка во Мелбурн: Новак го скрши рекетот, потоа направи пресврт и го „згази“ Зверев
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓoкоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен!
Во меч што траеше над 3 и пол часа, српскиот тенисер победи со 3:1 и ќе игра во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.
Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, бидејќи го совлада Германецот Александар Зверев со 6: 7 (6-8), 6: 2, 6: 4, 7: 6 (8-6) ) во четвртфиналето.
Ривал за нов настап во финалето на турнирот на кој е рекордер со 8 титули ќе му биде рускиот тенисер Аслан Каратсев, по триумфот од 3:1 против Григор Димитров.
GO!!! @DjokerNole !!!!!#AusOpen pic.twitter.com/JevKmSP1b7
— HazukI (@kizuhaki) February 16, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа