Дебата за македонско-кинеското партнерство
Во институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи денеска ќе биде организирана дебата на тема „Економската стратегија на НР Кина кон земјите на Централна и Источна Европа - можност за стратегиско партнерство со Република Македонија“.
Предвидено е дебатата да ја отвори министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Исто така, денеска пред присутните свое обраќање ќе имаат и Џери Наумоф, министер без ресор задолжен за привлекување на странски директни инвестиции и Чуи Џивеи амбасадор на Народна Република Кина во Македонија.
05.11.2013 - 10:16
Фото:
Кајгана
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа