Македонски хирурзи ќе се едуцираат во Кембриџ

 

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска потпиша Меморандум за соработка во Центарот за транспалтанција и лабораториите при Одделот за хириругија во болницата „Аденбрук“ при Универзитетските болници - Кембриџ со кој се предвидува едукација на македонски хирурзи кои ќе субспецијализираат за кадаверична трансплантација на бубрези, црн дроб, панкреас и други типови абдоменална трансплантација.

Меморандумот, како што јави известувачот на МИА, го потпишаа и Гевин Петигру, специјалист по абдоменална трансплантација, одговорен за супервизија на македонските доктори-хирурзи и Оливера Ѓорѓимајкоска, клинички научник за трансплантација на органи и координатор за развој на кадаверична трансплантанција.

- Селекцијата на кандидатите ќе ја врши тим од Кембриџ затоа што идејата е да се изберат најдобрите кои ќе можат успешно да ја завршат субспецијализацијата и да почнат да го применуваат и пренесуваат знаењето за трансплантација во Република Македонија, рече министерот Тодоров.

Ѓорѓимајкоска му се заблагодари на министерот за нејзината улога во проектот за развој и имплементација на кадаверична трансплантација во Македонија.

- Сметам дека со адекватен кадар и имплементација на промени во областа на трансплантацијата во Македонија, државата за догледно време ќе има една многу успешна програма за кадаверична трансплантација, додаде Ѓорѓимајкоска.

 

 

04.11.2013 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега