Охридски актер настапи како стенд-ап комичар во Лондон
Охридскиот актер Никола Тодороски се претстави како стенд-ап комичар во повеќе клубови во Лондон, меѓу кои и во познатиот „Comedy store“, клубот во кој самостојно настапувале светски познатите комичари како Робин Вилијамс, Џери Сајнфилд, Крис Рок...
- Настапив во клубовите „Comedy store“, во Headliners comedy club и во Party&Peace клубот. Овие мои настапи секако ќе резултираат со промени и во натамошниот тек на мојата кариера како стенд-ап комичар, но како било, она што можам да потврдам дека дефинитивно повторно ќе се вратам со настапи во Лондон, изјави Тодороски.
Тој неодамна имаше свои настапи и во клубови за комичари во Амстердам, два самостојни настапи во Словенија, како и настап во познатото „Студио стенд-ап смијеха“ во Загреб.
Независно од околностите, тој е цврсто решен да продолжи да биде активен во тој сегмент од неговата актерска кариера, паралелно со неговите професионални ангажмани како актер во неодамна обновениот Народен театар од Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа