„Балканот: луѓе, војни и мир“ - еве како помина меѓународната конференција на УКИМ
По повод одбележувањето 65 години од Институтот за национална историја и 100 години од балканските војни на УКИм се одржува Конференција на тема „Балканаот, луѓе, војни и мир“.
Директорот на ИНИ Драги Ѓоргиев при своето обраќање пред присутните на Конференцијата, истакна дека таа има интернационален карактер и има за цел да заинтересира поширок круг на научници како што се антрополози, лингвисти, етнолози... - Очекувам на конфернцијата да бидат прочитани многу реферати за претставување на војните во медиумите, филмовите, во учебниците за историја, публикациите... како и за периодот пред започнување на војните во Југославија, истакна Ѓоргиев.
Преседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски истакна дека ова е голем ден за македонската општествена мисла.
- Институтот во својата 65 годишна работа даде огром придонес за Македонија, за нејзиното минато, за нејзината државност и корените на државноста кон крајот на 19 век... даде еден целосен поглед кој дава основа да немаме големи колебања кои сме и што сме и како настанала современата држава, да сме спокојни во тоа какво било нашето потекло и какви биле тие сили што ја спречувале појавата на македонското национално ослободително движење...., рече Камбовски.
На Конференцијата која ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, учествуваат 120 научници од кои 52 од странство - од Франција. Швајцарија, Полска, Романија, Унгарија, Русија, Бугарија, Грузија, Грција, Албанија, Косово и од сите поранешни југословенски републики.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа