ЕУ воведува нови правила за штедење вода во тоалетните казанчиња
Европската унија подготви нови правила за хармонизирање на стандардите и штедење, поврзани со тоалетите, пишува весникот ” Фигаро”.
Според весникот, се очекува оваа недела ЕК да препорача употреба на 6 литри вода при нормално активирање на казанчето и 3 литри за тоалетните казанчиња од економски тип, на членките на Унијата, со што ќе се заштедат 6600 литри вода годишно по домаќинство.
Во истражувањето на Комисијата , кое чинело 88 000 евра , Велика Британија е на врвот на листата на најголемите корисници на вода во тоалетите, бидејќи 30% од потрошувачката на вода на Британците им оди токму во тоалетите.Од друга страна, Бугарија е меѓу земјите каде во домовите најчесто недостигаат елементарни санитарни услови, а во оваа група се приклучуваат и Романија, Естонија , Латвија и Литванија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа