Сервер: Грчкиот предлог е навредлив - Самарас води политика за колапс на Македонија

 

Американскиот аналитичар Даниел Сервер истакна дека предлогот на Грција Македонија да се преименува во „славјанско-албанска Македонија“ сигурно е најнавредливиот маневар во скорешната балканска историја.

- Грците знаат дека Македонците не сакаат да бидат опишувани како Словени, иако зборуваат словенски јазик. Тоа е слично како употребата на терминот црвенокожци – навредливо и покрај тоа што има некоја описна улога. Овој предлог е пресметан со цел да предизвика проблеми меѓу Македонците и Албанците, двете најмногубројни етнички заедници во земјата, а да не зборуваме за другите заедници како што се Турците, Ромите, Србите и Властите, пишува професорот Сервер, кој е еден од водечките коментатори за балканските прашања во САД.

Сервер додава дека грчкиот премиер Андонис Самарас води политика чија цел е колапс на Македонија: -  Грчкиот премиер го посакува колапсот на својот северен сосед – попрво ќе ги зголемува шансите тоа да се случи отколку да го решава проблемот. Обидите на Самарас да го дестабилизира Балканот веројатно нема да успеат, но можат да предизвикаат непотребни проблеми и трошоци. Најбрзиот пат за Балканот е ако Вашингтон ги покани сите поранешни југослвоенски републики во НАТО, каде Словенија, Хрватска и Албанија веќе го даваат својот придонес, оценува Сервер.

Сервер оценува дека оттаму шансите за договор меѓу двете земји се мали и поради тоа е потребно да се испочитува договорот од 1995 година и прием на Македонија во НАТО под привремената референца и прием на Македонија и Црна Гора во НАТО на самитот во 2014 година.

 

03.11.2013 - 11:01
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега