Отворен е Паркот на пријателството меѓу Македонија и Турција во Велес

 

Отворен е Паркот на пријателството меѓу Македонија и Турција, сместен до Ликовниот салон во Велес.  Овој парк го отворија градоначаниците на Велес и на турската општина  Каршијака од Измир Џавид Дурак.

Во паркот се поставени симболите на Велес и на Каршијака, убаво уредена светлечка фонтана, турска чешма, клупи и придружни елементи, а целиот е зазеленет и уреден со цвеќиња.

По добивањето на дозвола од Министерствто за култура, во средината на платото на фонтаната треба да биде поставен и споменик на таткото на современа Турција, Кемал Ататурк.

-Возвратно планирано е да се  постави  споменик на Кочо Рацин во еден од парковите на Каршијака, информира градоначалникот Славчо Чадиев.

Градоначалникот на Каршијака Дурак рече дека паркот на пријателството е донација на сите иселеници од Велес и од Македонија во Турција, а кои ги има во Каршијака и Измир се над три илјади.

-Ова не е само парк туку и мост на пријателството меѓу двата пријателски народи, потенцира градоначалникот Дурак.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев најави дека соработката ќе продолжи и понатаму на планот на  културата, спортот и економијата, а за што веќе има создадено предуслови.

01.11.2013 - 15:23

најчитано сега