Познатата турска актерка Аси доаѓа во Скопје

 

Познатата турска актерка Туба Бујукустун која ги освои симпатиите на македонската публика со својата улога Аси во истоимената серија, пристигнува во Скопје во рамките на Неделата на турскиот филм.

Во текот на Неделата на турскиот филм ќе бидат прикажани единаесет проекции на шест филмски остварувања на современата турска кинематографија, меѓу кои филмовите „Есен“, „Долга приказна“, „Интернационала“, „Мојата сестра: Момо“, „Погрешна бројаница“ и „Битола мој роден крај“. 

Организатор на четвртата „Недела на турски филмови во Македонија“ е Советништвото за култура и информации при Амбасада на Република Турција во Скопје. Свеченото отворање е вечер во Кинотека на Македонија, каде ќе присуствува Јасин Али Туркери, режисерот на документарецот „Битола мој роден крај“.

Влезниците се подигнуваат бесплатно во кинотеката на Македонија.

01.11.2013 - 09:49

најчитано сега